ИД погуби 30 цивили, меѓу нив има и деца

Џихадистите на Исламска држава погубиле најмалку 30 цивили, меѓу кои и две деца во селото Мабујех, во централната сириска провинција Хама, соопшти директорот на Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Според него, овие цивили ИД ги погуби со палење, отсекување глава или пукање во нив, пренесуваат американските медиуми.

Сириска државна телевизија информира дека владините сили го блокирале терористичкиот напад врз селото, но притоа не неведе податоци за никакви загуби.

Во селото Мабујех главно живеат сунитски муслимани, како и малцинските религиски групи алавити и исмаилиси, кои се ограноци на шиитските муслимани.

ИД редовно ги напаѓа припадниците на малцинските религии, посебно шиитите, кои ги обвинува за отпадништво од верата, како и сунитите за кои ќе утврди дека го нарушиле толкувањето на својата религија.

Мабујех се наоаѓа во близина на важниот патен парвец за Владата на Асад, бидејќи претставува едниствена врска со централните провинции Хомс и северно Алепо, а исламските милитанти повеќепати досега се обидуваа да го пресечат.

Кон крајот на март, екстремистичката група уби 83 владини војници во обид да ја преземе контролата врз патот.