Свет

ИД поседува над 11.000 бланко сириски пасоши

ИД поседува над 11.000 бланко сириски пасоши

Ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава(ИД) имала пристап до 11.000 непополнети сириски пасоши, кои биле пополнети и продадени, пишува германскиот магазин Bild am Sonntag повикувајќи се на безбедностни институции на Германија.

Како што пишува во неделното издание весникот, кој имал увид во листа на Федералната канцеларија за кривични дела, во кој биле наведени броевите на фалсификуваните документи и имиња. Вкупно од административните институции на територијата на Сирија биле украдени околу 18.002 непополнети пасоши. Од нив 11.100 се наоѓаат во посед на Исламската држава, додека преостанатите околу седум илјади се наоѓаат во рацете на другите екстремистички организации.

„Може да се очекува дека лицата кои добиле или купиле сириски пасоши од Исламската држава, ќе тргнат кон Ервопа за извршување терористички напади“ вели експертот за антитерористички активнсти Малте Рошински. Според него, сериските броеви, за коишто пишуива весникот, веќе им се достапни на европските миграциски власти.

Сепак, како што изјавила за Bild am Sonntag портпролката на германската  безбедносна служба BKA, „како по правило“ таквите пасоши од страна на бегалците се користат само за нелегално влегувањето во Европа, без никакви дополнителни радикални мотиви. Сириските документи фактички им гарантираат на бегалците добивање засолниште во Германија.

Во текот на изминатата 2016 година во Германија при влез се регистрирани 8.625 лица со фалсификувани патни исправи, според документите во кои имал увид весникот.

Сепак, овие податоци не даваат прецизни информации колку фалсификувани патни исправи се наоѓаат во моментво во рацете на припадниците на Исламската држава.