ИД превзеде одговорност за нападите во Брисел

Џихадистите од Исламска Држава (ИД)  преземаа одговорност за повеќекратните бомбашки напади во Брисел, пренесува „Дејли експрес“.

Британскиот весник пишува дека на курдските медиуми се појавиле информации дека терористичката организација стои зад денешните напади.

Светската експертска јавност и политичарите исто така претпоставија дека ИД стои зад теророт во Брисел,

Францускиот премиер Мануел Валс изјави:

Ние сме во војна и од пред повеќе месеци, во Европа сме изложени на воени акти, изјави тој, потсетувајќи дека Европа се соочува со голема терористичка закана.

Наспроти таа војна потребна е мобилизација на сите инстанци, Министерот за внатрешни работи потсети на нивото на таа мобилизација, наспроти овие воени акти и наспроти оваа закана која е многу висока. Ние ќе продолжиме да бидеме крајно внимателни, мобилизирани и одлучни наспроти теророзмот, додаде Валс.

Инаку денешните напади следат само неколку денови по апсењето на  човекот за кого се верува дека стои зад нападите од Париз од ноември минатата година Салах Абдеслам.

Според светската јавност, денешните напади би можеле да бидат одмазда по апсењето на човекот што стоеше зад масакрот во Париз.