Џихадистите од ИД го распродаваат културното наследство на Сирија

Како што јавува Раша тудеј, голем дел од културното наследство што е прокриумчарено во Западните земји е мошне барано на пазарот, како од страна на јавните институции и музеи, така и од приватните колекционери.

Според експертите проблемот е мошне поголем, затоа што ИД не само што ги уништува предметите со културна вредност, но исто така остварува и мошне голем профит од нив.

ИД во моментов окупира територии што се богати со археолошко богатство: монети, стари ракописи и накит и илегално ги шверцува за да собере пари за сопствените екстремистички активности.