ИД регрутирала околу 400 деца во Сирија

Исламска Држава во последните три месеци регрутирала околу 400 деца во Сирија, јавува Ројтерс, повикувајќи се на информации од групата за мониторинг.

Сириската опсерваторија за човекови права, соопштува дека децата се на возраст по 18 години и дека биле регрутирани од училиштата, џамиите и јавните места каде џихадистите од ИД ги спроведуваат егзекуциите и бруталните казни врз локалното население.

Едно момче од нив се појави на видеото кое беше објавено на почетокот од месецов на кое се гледа како детето пука во човек кого ИД го обвинува дека е шпион.

-Користат деца затоа што е лесно да им се испере мозокот. Тие создаваат од тие деца она што им е потребно, не им дозволуваат да одат во нормални училишта и ги препраќаат во училиштата на ИД, вели Рами Абдуларахман, претседател на опсерваторијата сместена во Обединетото Кралство.

Во камповите за обука, децата учат да пукаат, да војуваат и да возат. ИД исто така регрутира деца кои имаат улога на информатори и чувари, а исто така не се изоставаат и децата што имаат вродени маани или аномалии.