ИД со СМС пораки регрутира борци во Моленбек во Брисел

На младите луѓе во населбата Моленбек во Брисел во текот на изминатиот викенд им биле праќани пораки во кои ги повикувале „да го направат вистинскиот избор“ и  „да се борат против Западот“, пренесува британски „Гардијан“.

СМС пораките биле праќани во неделата од припејд мобилен број што неможе ниту да се следи, ниту пак може да му се пратат пораки. Овие пораки следеа откако на Фејбук се појави видео на кое наводно се гледаат дел од младите луѓе во Моленбек како слават за нападите. Видеото беше повлечено од социјалните мрежи.

Гардијан ја пренесува и кратката СМС порака напишана на француски јазик која гласи:

Брате зошто да не се бориш против Западот? Направи го вистинскиот избор во твојот живот.“

Се смета дека на овој начин терористичката Исламска Држава се обидува да ги зголеми тензиите и да регрутира поголем број на млади борци.

Не се знае како стасале до броевите на примателите на пораките, но се смета дека ИД ги симнале сите контакти од телефоните на новорегрутираните и бираат млади мажи кои потекнуваат со Северна Африка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.