ВИДЕО: ИД објави снимка на која се гледа обезглавување на „руски шпион“

Човекот вели дека бил таен агент кој оперирал на териториите на Сирија и Ирак и прибирал информации за руските државјани што се борат на страната на ИД, како што му било наредено од руските власти.

Во последните мигови, милитантите на ИД се закануваат на Русија и на Владимир Путин дека ќе извршат напади на руска територија, по што следи обезглавувањето на наводниот шпион.

Засега Русија не потврдува дека нејзин државјанин е киднапиран од страна на ИД.