ИД со ново оружје: Самоубиствени напади на џихадисти заболени од СИДА

ИД планира да воведе ново оружје, самоубиствени напади на џихадисти заболени од СИДА. Џихадистите од Исламска Држава – ИД планираат да испратат 16 од нивните борци на самоубиствени мисии, откако претхоидно биле тестирани и било потврдено дека се заболени од СИДА.

Борците во моментов се во карантин во болницата во градот Мајаден во источната сириска провинција Деир ер Зор, јавува Раша тудеј повикувајќи се на курско сириската агенција АРА.

Повеќето од заболените се странски милитанти кои имале секс со две Мароканки. Жените им ја пренеле болеста пред да знаат дека се заболени. Ни беше наредено од локалните предводници на групата заболените да ги преместиме во карантин во центарот на градот, вели локален лекар за агенцијата.

Докторот вели дека двете жени побегнале во Турција во страв дека ќе бидат егзекутирани затоа што им ја пренеле болеста на џихадистите од ИД.

Самоубиствени напади на џихадисти заболени од СИДА

Лидерите на ИД планираат да спроведат самоубиствени напади со милитантите за кои е потврдено дека се заболени од СИДА, вели еден активист за човекови права од Ал Мајден за Агенцијата.

Според извештаите сличен настан се случил во градот Шадади кој е под контрола на ИД, оваа пролет. Индонезиски борец ја пренел болеста на една робинка, која била продадена. Човекот заболен од СИДА бил егзекутиран во јуни.