ИД собори хеликоптер на ирачката армија

ИД собори хеликоптер на ирачката армија
ИД собори хеликоптер на ирачката армија
Борци на терористичката група Исламска држава денеска соборија хеликоптер на ирачката армија западно од Багдад, соопштија локалните власти.

Двајцата пилоти загинаа при нападот што се случи во близина на градот Амирија, на 23 километри од Фалуџа, кој е под контрола на џихадистите.

Вчера девет ирачки војници загинаа при пад на транспортен хеликоптер Ми-17 во близина на градот Кут, 180 километри југоисточно од Багдад. Причина за несреќата била техничка неисправност на леталото.