понеделник, 26 декември 2016  |  Вести денес: 47

ИД уби четири припадници на силите за безбедност во Либија

132676408

Поврзани вести

Четири членови на милиции кои ја поддржуваат владата на национално единство на Либија загинаа и 30 се ранети во судири со припадници на Исламска држава во близина на градот Мисрата.

Судирите продолжуваат источно од Асдада, на околу 80 км. јужно од Мисрата откако ИД зазеде неколку села и контролни пунктови во реонот во крајот на минатата недела.

Асдада се наоѓа на 150 км. западно од Сирт кој е упориште на ИД во Либија.

Најголемата милициска бригада во Мисрата ја поддржува владата на национално единство која се обидува постепено да ја консолидира власта врз територијата на Либија.

Најчитани вести