Свет

ИД употребила хемиско оружје во Ирак

ИД употребила хемиско оружје во Ирак

Џихадистичката група Исламска држава (ИД) употребила хлор во судирите против ирачките вооружени сили, изјави денеска во Токио генералниот директор на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОЗХО), Ахмет Узумџу, објави МИА.

Според информации на организацијата, добиени од властите во Багдад, хемиското оружје било употребено во октомври минатата година северно од ирачкиот главен град, но во нападот немало жртви.

Претходно денеска шефот на ОЗХО истакна дека организацијата располага со неофицијални податоци дека ИД се обидува да се снабди со хемиско оружје.

– Ако ИД успее да произведе или да се снабди со хемиско оружје, тоа ќе претставува општа опасност. Поради тоа треба да се зајакне меѓународната контрола врз вакви материјали – истакна Узумџу.