ИД врши геноцид врз јазидите

ИД врши геноцид врз јазидите
ИД врши геноцид врз јазидите

Припадници на џихадистичката група Исламска држава (ИД) извршиле геноцид врз јазидите во Сирија и Ирак, обидувајќи се да ја уништат оваа заедница од 400.000 луѓе, објавија денеска ОН.

Во извештајот заснован на разговори со десетмина преживеани се истакнува дека припадници на ИД во Ирак и Сирија, од август 2014 година, систематски заробуваат јазиди, настојувајќи да го „избришат нивниот идентитет“ во кампања која одговара на дефиницијата за геноцид, како што е наведено со конвенцијата на ОН од 1948 година.

– Геноцидот врз јазидите се’ уште трае, пишува во извештајот.

Претседателот на истражувачката комисија, Пауло Пињеро изјави дека тоа злосторство мора да поттикне акција на политичко ниво, „вклучувајќи го Советот за безбедност на ОН“.