ИД за атентатори самоубијци обучува над 1.400 тинејџери Јазиди

Терористичката група Исламска држава на над 1.400 тинејџери од ирачкото малцинство Јазиди им врши обука за атентатори самоубијци. Тие во август 2014 година на сила беа врбувани од радикалите од ИД, по преземањето на областа Синџар во северозападен Ирак, информира денеска шефот на ирачкото Биро за прашањата на Јазидите, Хусеин Каиди, пренесе ТАСС.

Според податоците на Каиди, терористите се уште во заробеништво држат 3.777 лица од јазидската заедница, главно жени и деца.

За две години, откако Синџар е окупиран, од заробеништво се ослободени над 2.600 Јазиди.

Во истиот период од Синџар и соседниот регион Баашика протерани се над 400.000 Јазиди, кои сега имаат статус на бегалци и во моментов се сместени во ирачките провинции што граничат со Синџар, додаде Каиди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.