ИД заробила израелски шпион во Сирија

Групацијата „Исламска држава“ соопшти дека заробила израелски Арап, кој се претставувал како странски борец, за да шпионира за израелската разузнавачка служба Мосад, објави МИА.

Тврдењата на ИД беа отфрлени од Израел и од семејството на заробеникот, кои изјавија оти тој бил киднапиран.

Во интервју, објавено во англиското онлајн издание на ИД „Дабик“, 19-годишниот Мухамед Мусалам изјави дека се приклучил кон радикалната групација во Сирија за да ги известува израелските власти за магацините со оружје и базите на групата и за палестинските борци во нејзините редови.

Таткото на Мусалим Саид демантира дека неговиот син е шпион и изјави дека тој исчезнал, откако заминал во Турција како турист.

Претставник на израелските служби за безбедност, пак, изјавија дека Мухамед заминал за Турција на 24 октомври за да се бори на страната на ИД.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.