ИД зазеде електроцентрала од која се напојува со струја централна и западна Либија

Исламска држава зазеде електроцентрала на запад од либискиот град Сирт која ја снабдува со електрична енергија централна и западна Либија, јавија западни медиуми повикувајќи се на либиски воен извор.

За заземањето на електроцентралата соопштија и од ИД, пренесува МИА.

Силите врни на самопрогласената влада се повлекле од електроцентралата откако таа била нападната денеска од Исламска држава.

При нападот загинале тројца војници. Претходно џихадистите зазедоа поголем дел од Сирт, родниот град на Гадафи преземајќи контрола и врз аеродромот.