вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 38

ИД зазела територија и во јужна Сомалија

Вооружените исламистички милитанти, кои биле во составот на Ал Шабаб, но неодамна преминале во ИД, првпат презеле мал округ крај сомалиско-кениската граница во регионот на Долна Џуба.

ИД зазела територија и во јужна Сомалија

ИД зазела територија и во јужна Сомалија

Последни вести

Исламска држава (ИД) првпат зазела територија во јужна Сомалија, јави ДПА, повикувајќи се на локални жители и претставници на властите.

Ваквите информации доаѓаа во време на зачестени сознанија за засилување на тензиите меѓу исламистичката милтантна група Ал Шабаб и борците кои ја поддржуваат ИД.

Вооружените исламистички милитанти, кои биле во составот на Ал Шабаб, но неодамна преминале во ИД, првпат презеле мал округ крај сомалиско-кениската граница во регионот на Долна Џуба.

Околу 70 тешко вооружени мажи го зазеле малиот град Тел Баруаго, во близина на клучниот град Добли, откако сомалиските војници се повлекле оттаму без борба.

Според локален жител, кој го видел влегувањето на екстремистите во градот, тие скандирале „Алах Акбар, ние сме момчињата на Исламска држава“ и притоа го запалиле домот на регионалниот началник.

Според припадник на сомалиското разузнавање ДИД, екстремистите веќе се зацврстиле во северниот дел на земјата, најмногу во провинцијата Пунтланд, а сега се појавила уште  една терористичка организација, наречена Исламска држава во источна Африка, која зазема реони во некои делови на Сомалија.

Најчитани вести