ИД зема по 3 милиони долари дневно од продажба на нафта

Терористичката „Исламска држава“ секој ден од продажба на нафта заработува над три милиони долари.

Екстремитите од ИД во моментов контролираат 11 нафтени наоѓалиште на територијата на Ирак и Сирија, а нафтата која оттаму се добива ја продаваат на црно на пазарите во Јордан, Турција и Ирак. Цената на нафтата се движи меѓу 25 и 60 долари за барел, додека пазарната цена на „црното злато“ е над сто долари за барел.

Според оценките на американското разузнавање авијацијата  на САД лесно може да ги уништи објектите на нафтената инфраструктура, која и носи приходи на ИД.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.