Магазин

Идеален за почетници: Туш за очи со бришач

Идеален за почетници: Туш за очи со бришач

Не знаете правилно да нанесете туш? Буржоа го има вистинското решение за Вас! Туш за очи со бришач.

Да, да убаво прочитавте. Овој туш на едниот крај има нежен гумен бришач , со кој можете да избришете се што сте згрешиле. Идеален за почетници!

brishachhh_burjoisТушот за очи има тенка четка која е погодна за да исцртате сосема тенка линија. А доколку не ви успее веднаш, или не сте задоволни од изгледот на линијата, тогаш мошне лесно можете да ја избришете. Исто така, со помош на оваа „гума“ сосема ќе заборавите на размачканата шминка. За да постигнете најдобар ефект, почекајте линијата да се исуши, па потоа избришете.

Интензивната црна формула трае и до 16 часа, а погодна е и за чувствителни очи и за оние што носат контактни леки.