Магазин

Идеалната клима на Крит

Идеалната клима на Крит

Местоположбата на најголемиот грчки е остров е толку специфична што ја прави тамошната клима идеална за уживање во летниот одмор…

Крит се наоѓа на природната граница помеѓу Егејското и Средоземното Море, што значи дека тамошната клима претставува уникатен спој на медитеранска и северноафриканска клима. Најголем дел од островот е главно под влијание на медитеранската клима, со исклучок на дел од послабо развиениот јужен брег, каде што деновите се потопли, а вегетацијата многу пораскошна.

На северниот брег на Крит просечните температури во летниот период се движат помеѓу 20 и 30 степени, со релативно умерена влажност на воздухот, создавајќи совршени услови за уживање во одморот. Доста ретко, во текот на жешките бранови, температурите одат над 30 и можат да достигнат +40 степени Целзиусови.

Iguana-Tours

Јужниот брег пак, којшто е под влијание на северноафриканската клима, се одликува со доста повисока влажност на воздухот, особено во непосредна близина на морскиот брег, со многу повеќе сонце и просечни температури помеѓу 30 и 40 степени. На овој дел е сосема вообичаено да видите насади со урми и други тропски дрвја, а птиците не мигрираат на југ во текот на зимата, бидејќи дури и тогаш, температурите ретко паѓаат под 20 степени.

Можеби најубавото нешто за климата на Крит е фактот што речиси без исклучок, највисоките планински врвови на островот остануваат прекриени со снег во текот на целата година, што значи дека додека уживате во прекрасните медитерански плажи, зад вас ќе можете да видите снежни планини на само дваесетина километри оддалеченост.