Идентификуван исламистот кој јавно погуби тројца новинари!

Директорот на ФБИ, Џејмс Коли денеска во Вашингтон изјавил дека Американската феерална полиција го идентификувала убиецот на новинарите Џејмс Фоли и Стивен Сотлоф, за чие убиство одговорноста ја носи Исламистичката екстремистичка држава.

“Го идентификувавме”, изјавил Коми за новинарите одговарајќи им на прашањето за идентитетот на убиецот кој зборувал англиски со британски акцент, но чие лице не се гледа на видео снимката од убиството на двајцата Американци киднапирани во Сирија.

Како што пренесуваат светските агенции, Коми одбил да каже која националност е убиецот на Фоли и Сотлоф. Исламската држава на 19-ти август ја преземала одговорноста за убиството на Џејмс Фоли, а на трети септември за убиството на вториот Американец, кои се убиени јавно со отсекување на нивните глави.

“Се вратив Обама, поради твоите арогантни надворешни политики кон Исламската држава”, изјавил на видео снимката убиецот облечен во црно со покриено лице и со нож во рака. Тој тогаш го убива Сотлоф и се заканува дека ќе го убие и Британецот Дејвид Хејнс, кој на истиот начин е погубен десет дена подоцна.