Идентификуван напаѓачот кој вчера се разнесе во Истанбул

Дваесет и осумгодишниот Набил Фадил од Саудиска Арабија е бомбашот самоубиец кој вчера се разнесе во центарот на Истанбул.

Станува збор за припадник на Исламска држава кој неодамна се „инфилтрирал“ во Турција каде дошол од Сирија.

Според Сабах, Фадил влегол во Турција на 5 јануари како мигрант кога му биле земени отисоци од прсти.

Ширум Турција денеска се уапсени 68 луѓе поради сомневање дека се припадници на Исламска држава иако не е сигурно дека сите се поради врски со нападот во Истанбул во кој загинаа 10 луѓе и 15 беа ранети.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.