Идентификуван напаѓачот на амбасадата во САД во Подгорица

Црногорската полицијата се сомнева дека 43-годишниот Далибор Јауковиќ, роден во Краљево а кој живеел во Подгорица е мажот кој ноќта кон четвртокот ја фрлил бомбата во дворот на амбасадата на САД во црногорската престолнина, а потоа загинал во втора експлозија, дознава подгоричкиот дневен весник Вијести.

На фејсбук профилот може да е види дека тој е награден со медал за заслуги „во областа на одбранате и безбедноста“ на тогашна Сојузна република Југославија во 1999 година, односно во времето на косовскиот судир со указ на тогашниот претседател на зедницата на Србија и Црна Гора, Слободан Милошевиќ.

Засега не се познати мотивите за екслозијата којашто се случи кусо пред полноќ, а за која е осомничен Јауковиќ.

„Половина час по полноќ пред објектот на амбасадата на САД едно лице изврши самоубиство со екслозивна направа. Непосредно пред самоубиството лицето од раскрсницте кај Спортскиот центар фрлило во кругот на Амбасадата на САД една експлозивна направа. Најверојатно станува збор за бомба (’кашикариа’)“, напиша на англиски јазика на официјалниот профил на Twitter, црногорската влада.

Потсекретарот на Стејт департментот, Стив Голдстин изјави дека очевидци виделе човек како фрла објект преку ѕидот на амбсадата, и оти никој во дипломатската мисија не е повреден, пишува The New York Times.

Голдстин додал дека безбедносните функционери на амбасадата го пребарале теренот и дека не нашле други експлозивни направи, како и дека зградата не е оштетена во нападот. Тој не знаел што е мотив на нападот, ниту дали станува збор за намерен самоубиствен напад.

Амбасадата на својата интернет страница објави дека „постои активна безбедносна ситуација во американсата амбасада во Подгорица. Избегнувајте ја амбасадата до натамошната известување“, се наведува во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.