Свет

ФОТО: Идентификуван напаѓачот од Копенхаген

ФОТО: Идентификуван напаѓачот од Копенхаген

Данските медиуми вчера го идентификуваа мажот осомничен за убиство на две лица во Копенхаген како Омар Ел Хусеин, пренесува Танјуг.

Данскиот таблоид „Екстра Бладет“ објави дека 22-годишниот Ел Хусеин бил пуштен од затвор пред две недели по отслужување на казна затвор за тежок физички напад.

Полицијата во Данска претходно објави дека напаѓачот, убиен во полициска акција по двата смртоносни напади во Копенхаген, можеби бил инспириран од минатомесечните терористички напади во Париз.

Мажот, за кого се верува дека е единствениот одговорен за нападите, бил и претходно познат на разузнавачките служби, се наведува во соопштението на полицијата.

kop kop3 kop4

kop5