Идентификуван напаќачот на канадскиот Парламент

Мајкл Зехаф-Бибо е канадски државјанин кој неодамна го прифатил исламот. Тој во вчерашниот напад во зградата на Парламентот во Отава, освен што настрада, го рани и војникот Нејтан Сирило.

Полицијата по пукањето, не сакала да шпекулира за молитвата која тој ја кажувал, пренесува АФП.

Стивен Харпер, премиерот на Канада, остро го осуди нападот наведувајќи дека е значајно да се зачува функионирањето на Владата на Парламентот.

Во момнетот на нападот, премиерот се наоѓал во Парламентот.

Војникот по здобиените рани, подлегнал на повредите.

Зехаф-Бибо ислукал 36 куршуми, а повреден е уште еден член на обезбедувањето на Парламентот, додека пак, уште најмалку тројца се пренесени во болница.