Идентификуван последниот напаѓач во Сен Дени на 18 ноември

Француските власти успеаја да го идентификуваат и последниот терористот-самоубиец кој се саморазнесе при интервенцијата на полицијата во Сен Дени на 18 ноември.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, станува збор за Шакиб Акрух, белгиски државјанин со мароканско потекло, на возраст од 25 години,.

Неговата идентификација беше потврдена со соопштение за печатот на Јавното обвинителство на Париз, откако беше направена споредба на генетскиот профил на самоубиецот, кој загина при полициската акција, со тој на мајката на Шакиб Акрух.

Според извор близок до истрагата, ова име беше дадено на крајот од 2015 од страна на белгиските судски власти.

На изненандување на сите, како што пишува денешен „Монд“, тој имал голема слобода на движење и покрај тоа што и бил познат на полицијата за неговата радикализација и најверојатно на неколку пати патувал во Сирија.

Станува збор за лице со потекло од бриселскиот кварт Моленбек, кој во јули минатата година во отсуство беше осуден на пет години затвор во Белгија за вмешаност во мрежа за испраќање на џихадисти во Сирија. Во истиот предмет беше осуден исто така во отсуство и другиот терорист Абауд на 20 години затвор. Ном за разликја од Абауд, Шакуб Акрух немаше генетски профил во полицијата.

Неговата ДНК беше пронјадена на еден калашников во напуштениот „Сеат“ во Монтројм североисточно од Париз, откако беше искористена од терористичката група која ги нападна кафулињата и рестораните во Париз на 13 ноември.

Откако ги напуштиле автомобилите, тие влегуваат во метрото, каде се снимени од безбедносните камери. Фотографиите од видео снимките се споредени со фототеката на белгиската полиција и една од нив наликува многу на таа на Шакух Акрух, по што се прави генетска споредба на пронајдената ДНК со таа на неговата мајка.

Со идентификацијата на Шакиб Акрух, сега се познати сите членови на терористичката група, освен двајца од тројцата самоубијци од пред Стад де Франс, кои имаа сириски фалсификувани пасоши, чиј идентитет и натаму не е откриен.