Идентификуван предизвикувачот на експлозијата во Брисел, рација во Моленбек

(Photo by Charles McQuillan/Getty Images)

Осомничениот сторител на терористичкиот напад, како што го квалификуваше белгиското државно обвинителство инцидентот од вторникот вечерта на Централната железничка станица во Брисел, е идентификуван, соопшти во средата белгискиот министер за внатрешни работи Јан Јанбон, без да го открие неговиот идентитет.

„Идентитетот на терористот е познат. Успеавме да го идентификуваме“, изјави министерот за внатрешни работи Јан Јанбон за јавниот радиотелевизиски сервис RTBF. Меѓутоа, не изнесе повеќе детали за идентитетот на мажот кого го усмртија белгиските војници кои патролирале во близината по експлозијата во која немаше жртви.

Запрашан за можноста дека бомбата којашто ја пренесувал осомничениот всушност не експлодирала, министерот одговори: „Јасно е дека не дојде го голема експлозија“. „Но не можам да изнессам повеќе поединости“, додаде Јанбон.

Министерот во изјавата навести дека во тек се претреси. „Јасно е дека се спроведува истрага, а познато дека еден од елементите на истрагата се претресите“, рече Јанбон.

Истовремено, весникот Le Derniere Heure известува дека полицијата на Брисел врши претреси во општината Моленбек, доселенички кварт на белгиската престолнина, каде што се претпоставува дека живеел осомничениот кој ја предизвикал експлозијата.

„Во Моленбек се спроведува операција на претреси во врска со нападот на Централната станица“, пишува .

Терористот живеел во оваа општина и бил на 37-годишна возраст, претходно објави La Derniere Heure повикувајќи се полиоциски извори, кои исто така не го соопштиле неговиот идентитет.

Во општината Моленбек, во северозападниот дел на Брисел, живеат претежно доселеници од земјите од Северна Африка. Таму биле родени и израснале клучните членови од терористичката група која ги изведе големиот терористички напад од 13 ноември 2015 година во Париз со 130 жртви и од 22 март 2016 година со 32 жртви.

Експлозијата се случи во вторникот вечерта во холот на железничката станица –Брисел-Сентрал. Ја предизвикал маж кого војниците го „неутрелизирале“, а за неговата смрт беше известено веднаш по полноќ, додека телото беше подигнато од местото на настанот дури утрото во средата.

Нападот во кој немаше жртви и за кој се уште никој не ја презема одговорноста, белгиското федерално обвинителство го квалификуваше како терористички чин. Според исказите на очевидците, се чини дека осомничениот е поврзан со џихадистичките групи, бидејќи пред експлозијата извикувал „Алаху Акбар“ (Господ е голем).

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.