Идентификуван третиот напаѓач од салата Батаклан во Париз

Третиот напаѓач од салата Батаклан во Париз е идентификуван, јавува АФП, повикувајќи се на полициски извори, пренесува српски „Блиц“.

За време на терористичките напади на 13-ти ноември во Париз беа убиени седум напаѓачи и бомбаши самоубијци, а досега беа идентификувани само 4 тела.

Тројца од нив се разнесоа кај „Стад де Франс“ меѓу кои и Билал Хадфи (20) кој живеел во Белгија, додека другите две тела се неидентификувани.

bataklan-1

Тројца напаѓачи се убиени во Батаклан, а двајца се идентификувани Сами Амимоур (28) и Омар Исмаил Мостефаи (29). Тие двајцата се државјани на Фрнација. До сега не беше познато кој е третиот напаѓач.

Свен тоа, Брахим Абдеслам (31) кој исто така е француски државјанин што живеел во Белгија се разнел пред кафуле во булеварот Волтер.

Исто така, три лица се убиени во рација во париското предградие Сен Дени неколку дена по нападите. Еден од нив е Абделхамид Абуд (28) човекот за кого постои сомнеж дека е организатор на нападите, како и неговата братучетка, 26-годишната Хасна Аитбулашен. Третиот човек што се разнел за време на рацијата не е идентификуван.

Како изгледаа нападите во салата Батаклан во Париз, погледнете на следниот линк.