Идентификувана удавената жена пронајдена во Велес

Полицијата го утврди идентитетот на удавената жена чие мртво тело попладнево беше извадено од водите на Вардар во Велешко. Станува збор за Славка Т. родена 1930 година од Велес, јави МИА.

Старицата денеска околу 14:30 часот се фрлила од Мало Мовче од центарот на Велес во водите на Вардар. Полицијата за немилиот настан била известена од очевидци, по што за кратко време го пронашла и извадила телото на неколку километри јужно од градот, низводно по Вардар во месноста викана Јулика.

Според СВР Велес, по наредба на јавен обвинител телото е предадено на фамилијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.