Идентификувани 10 жртви на хеликоптерската несреќа во Русија

Десет жртви се идентификувани во пад на хеликоптер „Ми-8“ на езерото Мунозеро на северот на рускиот регион Мурманск, соопшти денеска рускиот истражен комитет.

Пронајдени се 12 жртви, а 10 се идентификувани, пренесе агенцијата Итар тас. Хеликоптерот „Ми-8“ на воздухопловната компанија „Спарк авиа“ со 13 патници и пет  членови на екипажот се сруши на 31 мај во езерото Мунозеро. Двајца го преживеаја падот и се згрижени во болница.

Во несреќата загина и директорот на најголемиот светски производител на фосфатен минерал апатит „Апатит“, Алексеј Григоријев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.