Балкан

Идентификувани 85 жртви од пожарoт во Грција

Идентификувани 85 жртви од пожарoт во Грција

Бројот на идентификувани жртви од катастрофалните пожари во источниот дел на областа Атика, според соопштението на противпожарната служба на Грција, изнесува 85 лица, од кои четворица им подлегнаа на повредите во атинските болници, а 81 лице беше идентификувано во Дирекцијата за криминални истраги на грчката полиција.

Во Дирекцијата има и две неидентификувани тела со достапна ДНК, но кои никој од нивните роднини не ги побарал. Противпожарната служба на Грција, соопштува дека врз основа на поднесените официјални документи, едно лице се води за исчезнато.

.На 29-ти јули, противпожарната служба на Грција, првпат официјално го соопшти бројот на исчезнати лица, а според тогашните информации 91 лице загина, а 25 се водеа како исчезнати.

Од одделението за судска медицина кои го водеа процесот на аутопсија, по завршувањето во петокот,  изјавија дека била направена аутопсија на 87 лица.