Македонија

Идентификувани дел од убиените терористи во нападот во Куманово

Идентификувани дел од убиените терористи во нападот во Куманово

Косовските власти, според неофицијални информации, извршиле идентификација на дел од починатите терористи во нападот во Дива населба во Куманово.

Меѓу останатите идентификувани починати терористи се Џафер Зумерај роден 18.5.1972, Ваљон Кабаши – 14.8.1985, Тургај Гаши – 13.4.1978, Арбен Реџај – 17.9.1971, Самит Кастриоти – 14.12.1975, Хисен Рушити – 20.7.1965, Фатлун Вишесела – 16.8.1983.

Пред неколку дена беше објавена информација дека е утврден идентитетот на Мирсад Ндрецај роден 17.06.1979 таканаречен командант НАТО, кој важи за еден од лидерите на терористичката група, како и за Бег Ризај роден 25.12.1977 познат како командант Бегу.  Потврден е идентитетот и на Нусрет Каљоши роден 18.04.1975 македонски државјанин.

Преку Интерпол утврден беше и идентитетот на Сами Укшини 10.10.1967 од Косово познат како Командант Соколи. Лице кое се предаде на полицијата.