Идентификувани двајцата Французи меѓу џелатите на ИД

Француските разузнавачки служби вчера потврдија дека уште еден француски државјанин, Мишел дос Сантос учествувал во обезглавувањето на американскиот заложник и 18 те сириски пилоти, кое беше прикажано на видео снимката што ја објави ИД минатата недела.

Исто како и првиот Французин кој беше идентификуван, Максим Ошар, Дос Сантос има 22 години, а на 17 години преминал во исламската религија и отпатувал во Сирија во 2013 та година.

Дос Сантос потекнува од португалско семејство, а во 2009 та година станал француски државјанин. Потресената мајка, која живее во предградието на Париз, Шампињ сур Марн, изјавила за телевизијата Франс 2, дека го препознала нејзиниот син на видео снимката.