Идентификувани телата на сите патници на „Џерманвингс“

Француските истражни органи соопштија дека се идентификувани телата на сите 150 патници и членови на екипажот од авионот „Џерманвингс“ кој се урна на француските Алпи на 24. Март.

Пронајдени се вкупно 2.854 делови од тела, а марсејскиот обвинител истакнал дека ќе биде потребно многу време за тие делови да се поврзат со примероците на ДНК земени од членовите на семејствата.

Што се однесува до втората црна кутија, Брис Робен истакнал дека таа се уште не е пронајдена иако просторот бил неколку пати пребаран.

Обвинителот посочил и дека на местото на несреќата се пронајдени 40 многу оштетени мобилни телефони, одбивајќи дададе коментар за  пишувањата на француските и германските медиуми дека во телефоните се зачувани сведошва на последните моменти пред падот на авионот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.