Македонија,Крими хроника

Идентификувани жртвите од сообраќајката кај Белица

Идентификувани жртвите од сообраќајката кај Белица

На патот Кичево-Демир Хисар, кај селото Белица вчера околу 13 часот се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторни возила „Мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки управувано од Ф.И. (31) од Прилеп и „Фолксфаген Поло“ со кичевски регистарски ознаки управувано од Реџеп М. (58) од село Лисичани, кичевско.

Од здобиените повреди на лице место починале Реџеп, неговата сопруга Сание М. (47) и неговиот син Рејхан М. (25) кои биле сопатници во возилото.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил и Ф.И. кој по укажаната медицинска помош во болницата во Кичево е префрлен во општата болница во Прилеп.