Идентификувано удавеното лице во каналот на ХМС Брегалница

Вработени во Водостопанство „Брегалница“ – Кочани, полициски службеници и истражен судија по увидот на местото на несреќата кај десниот магистрален канал за наводнување на ХМС „Брегалница“ кај селото Жиганци во општина Чешиново Облешево, го извадија и идентификуваа удавеното тело пронајдено утринава.
Се работи за лицето З.Р. на 69 годишна возраст од селото Спанчево -Кочанско.

Според изјавата на нејзините соседи лицето З.Р. последен пат е видена вчера попладне како се упатува кон полето, од каде што и се губи секоја трага.

Вработени во Полициската станица Кочани ги истражуваат мотивите за несеќата.