Македонија

Утврден идентитетот на жената која се самозапали во Градски парк

Утврден идентитетот на жената која се самозапали во Градски парк

Според извршената идентификација, Министерството за внатрешни работи потврди дека опожареното лице во Градскиот Парк во Скопје е 45 годишната Р.С. од Скопје.

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје вчера изврши увид во Градскиот парк на местото каде беше пронајдено опожареното тело на женско лице. Од местото е подигнат доказен материјал и за истиот јавниот обвинител издаде Наредба за криминалистичко – техничко вештачење, како и Наредба за обдукција на телото.

Јавниот обвинител изврши и разговор со едно лице кое било сведок на настанот. Сведокот го слушнал пискотот на сега починатата во моментот додека горела и повикал екипа на Брза помош со која комуницирала до нејзиното доаѓање на местото на настанот.

Основното јавно обвинителство – Скопје работи на утврдување на причините на настанот.