ИДИЛ бара откуп за ослободување киднапирани турски државјани

Припадниците на групата Исламска држава во Ирак и Левантот побараа по 50.000 долари откуп за ослободување на 32. киднапирани турски возачи, јавија турските медиуми.

Џихадистите од ИДИЛ на 10 јуни киднапираа 32 турски возачи кои патуваа со 28 камиони во ирачкиот град Мосул.

Директорот на транспортната компанија Мехмет Казал денеска изјави дека телефонски разговарал со еден од заложниците, кој тврдел дека џихадистите бараат откуп по 50.000 доалри по човек.

Казал по киднапирањето на возачите тврдеше дека ИДИЛ барала откуп од 10 милиони долари.

Турските власти демантираат дека ИДИЛ побарала откуп за ослободување на заложниците.

Неколку турски медиуми ја објавија изјавата на Казал и покрај забраната за објавување на информации поврзани со киднапираните турски граѓани во Ирак.

Во текот на месецот во Мосул во три напади од страна на ИДИЛ беа киднапирани приближно 100 Турци.