Идните месеци ќе бидат пресудни

Уште пред неколку децении македонскиот поетски великан Ацо Шопов разоткри длабоки вистини, до кои нашата историска наука сè уште не стигнала. Професорот Блаже Китанов децидно ги формулира:

„Македонија е во светот, а светот во Македонија

Македонија е судбина на светот, а светот е судбина на Македонија

Во Македонија се збиднуваат и се прекршуваат сите дилеми на светот, а светот е обременет од проблемите на Македонија

Македонија ја дели судбината на светот, а светот се судира со безброј македонски судбини“.

Се знае, дека луѓето прават сугестии преку зборови, а природата директно го прави. Сегашните поплави во Скопје можат да се споредат со оние од 1962 година. А, сите знаеме што се случи во дамнешната 1963 година. Друг знак е дека во последниве неколку години големо невреме (дождови, поплави, снежни бури и така натаму) ги зафати сите македонски соседи, а ние поминувавме без гајле. И во Библијата е кажано дека пред да казни, Господ предупредува. Во прашање е дали луѓето и народите се свесни за такви предупредувања.

Наспроти денешната трагедија, социјалните мрежи беа преплавени со мазохизам и идиотизам, со потсмев кон жртвите и штетите. Тоа е споредбен доказ дека ВО МАКЕДОНСКОТО ОПШТЕСТВО ИМА СЕРИОЗНА ЗАРАЗА, КОЈА МОРА ДА СЕ ИСЧИСТИ ПО СЕКОЈА ЦЕНА. ТАА ЗАРАЗА СЕ НОСИ ОД НЕ МНОГУ, НО ОПАСНО ГЛАСНИ И ГНАСНИ МАКЕДОНСКИ ОДРОДНИЦИ, КОИ САКААТ ДА ЈА ПРЕНЕСАТ ВРЗ ЦЕЛИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД. Како во медицината, нема друг лек за чистење на зараза, сем хируршката интервенција. Само што таа мора да се оствари колку жестоко, толку и внимателно и прецизно, за да не го повреди здравиот македонски организам. Бидејќи добро знаеме дека понекогаш „покрај сувото, гори и суровото“. Македонскиот народ не е многуброен за да дава погрешни жртви. Ако се навратам на одлуката на претседателот Иванов, тој го спречи крваво сценарио во непогода за македонскиот народ и држава време. Многу е битно борбата против пучистите ДА СЕ ВОДИ ПО НАШЕ СЦЕНАРИО, ПО НАША ОДЛУКА ЗА ВРЕМЕ И МЕСТО ЗА ДА БИДЕ ПОМАЛА КОЛАТЕРАЛНАТА ШТЕТА.

Како дел од светот, Македонците и Македонија не можат да избегаат од идната жестока судбина на човештвото. Идните месеци ќе бидат пресудни за нас како за народ и држава, така и за другите земји. Не можеме да се правиме недоветни и да не ја гледаме светската војна на хоризонтот, која патем кажано, не зависи од волјата ниту на Трамп, ниту на Клинтон. Таква војна ќе има независно кој од двајцата ќе биде избран за американски претседател. ЗАТОА ШТО БАРЕМ ВО ПОСЛЕДНИВЕ ДВА ВЕКА, ПРЕТСЕДАТЕЛИ, ПРЕМИЕРИ, ПАРЛАМЕНТИ, САМО СПРОВЕДУВААТ ТУЃИ ОДЛУКИ. Меѓутоа, не е исклучено Обама да биде последниот претседател на САД.

На нуклеарното оружје во последните 5-6 децении се гледаше како на препрека за светска војна. Повеќе како акт за плашење и уцена, отколку како дејствена опција. Меѓутоа, во последно време се сменија неколку работи.

Прво, тие кои одлучуваат за светска војна, претпоставуваат дека таа нема да биде гибелна за нив. Затоа што и во далечното минато се воделе нуклеарни војни.

Второ, затоа што денес хитлеризмот (фашизмот) е во процут, а според тој концепт светската популација мора да се намали.

Трето, опкружената со нуклеарни бази на НАТО, Русија може да се брани ефективно само со такво оружје.

Четврто, САД не може да ја спречи идната светска доминација на Кина и Русија (и како цело – на државите од БРИКС) надвор од светска војна.

ШТО МОЖЕМЕ ДА НАПРАВИМЕ НИЕ, МАКЕДОНЦИТЕ?

НА НАДВОРЕШЕН ПЛАН ДВЕ ИТНИ РАБОТИ:

Прво, кога Никола Груевски ќе отиде повторно на одмор во…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.