И идните таковци може да имаат симптоми на бременост

Мажите може во првите три месеци од бременоста на нивните партнерки да чувствуваат утрински мачнини, анксиозност, а некои може да ја достигнат и големината на стомакот на партнерката.

Науката вели дека тие не се виновни за тоа, а за се се виновни хормоните. Иако е направен мал број истражувања на оваа тема, тие покажуваат дека посклони на овие симптоми се мажите што се мошне активно вклучени во текот на бременоста.

Најчесто чувствуваат мачнина, анксиозност, па и губат апетит, а тоа го достасува врвот во текот на третиот месец на бременоста, односно во миговите кога и жената има најизразени утрински мачнини и останати симптоми. Научното објаснување е дека стресот ослободува хемикалии во телото па тоа може да се манифестира како бременост од сочуство.

Заедно со лажните симптоми на бременост, кај мажите доаѓа и до хормонални промени при крајот на бременоста и по раѓањето на детето. Една од нив е и порастот на нивото на пролактинот, хормонот чијашто улога е кај мајката на новороденчето да го поттикне доењето. Студиите покажуваат дека нивото на пролактинот кај мажите е на највисоко ниво некаде околу шестиот месец на бебето и дека тогаш е најсилна нивната поврзаност со бебето.

Нивото на овој хормон кај мажите расте и во моментот кога таткото го слуша плачот на неговото бебе. Нивото на окситоцинот исто така расте кај новопечените татковци и е поврзано со тоа како тој ќе се однесува како родител. Мажите со поголемо ниво на окситоцин почесто се играат со бебињата и се поприврзани со нив за разлика од оние со пониско ниво. Исто така, во некои случаи нивото на тестостерон опаѓа, а тоа влијае на тоа татковците да посветуваат повеќе внимание на семејството.

Една студија покажа дека татковците со повисоко ниво на тестостерон подаруваат помалку внимание на децата, додека оние со пониско ниво на овој хормон се посклони да реагираат на плачот на бебето. Татковците исто така не се имуни ниту на постпородилната депресија. Овој тип на депресија ги погодува дури 25 отсто од мажите во првите два месеци по породувањето на партнерката, но кај мажите се јавува многу побавно отколку кај жените, така што често останува незабележана.