Идризи до Заев: Како ќе се чувствуваш ако Албанците ти откажат коалиција?

Почнаа гласно да се слушаат барањата на албанскиите политичари насочени кон премиерот Зоран Заев. Тие бараат да си стои на дадените ветување, да почне да ги реализира и да не отстапува од истите. И членови од ДПА деновиве со реакција за интервјуто на Заев, од пред неколку дена кога тој гостуваше на Македонската радио телевизија. При гостувањето тој рече дека македонската влада на следното гласање за членство на Косово во УНЕСКО ќе биде неутрална, пишува ВЕСТ.

Муртезан Идризи, кој од Демократската артија на Албанците (ДПА), за време на локалните избори во 2013 година, бил кандидат за градоначалник на општина Липково, излезе со остри реакции против премиерот Заев. Тој до Заев адресираше не неколку прашања. Во однос на ставот на Заев „Јас ќе бидам неутрален за приемот на Косово во УНЕСКО“, Идризи прашува: „Како ќе се чувствува премиерот, ако албанските партии ги спуштат палците од коалицијата со вас?„

Но, Идризи не сопира тука, и прашува: „Дали сериозно сте размислите дека вас во оваа држава Албанците ве донесоа на власт. Дали сте размислиле дека со една непромислена изјава, на прво место сте ги потцениле Албанците во Македонија што ви ги дадоа гласовите, а потоа и политичарите што пружија рака за соработка во Владата со вас?„

-Верските објекти се исти во целиот свет. Но за премиерот на Македонија, српските цркви во Косово се културно наследство…. но, не ја слушнавме неговата изјава за срушената џамија во Србија. Колку гласови си добил од луѓето на џамијата господине премиер?, праша Идризи за телевизија Коха.

Ова не е единствена реакција од албански политичар во однос на изјавата на премиерот Заев за Македонската радио телевизија реагираа пратеникот од ДУИ Ејуп Алими, политичкиот аналитичар Валон Бела.

Алими од ДУИ исто деновиве ја коментираше изјавата на премиерот Заев во однос на ставот на новата влада за членството на Косово во УНЕСКО. На својот фејсбук профил Алими напиша „секој што зборува за опозицијата на Косово, дури и против нејзиното членство во меѓународните организации како што е УНЕСКО, зборува против сите Албанци, каде и да се, зборува против НАТО и Европската Унија, против САД“.

Со критика излезе и политичкиот аналитичар Валон Бела. И тој реагира на односот на македонскиот премиер кон приемот на Косово во УНЕСКО. Тој неодамна го праша Заев со кого е на власт, дали во Албанците или со Србите, алудирајќи на најавата дека Македонија ќе биде воздржана на гласањето Косово да биде примено во УНЕСКО.

Заев сега вели дека гласањето е во корист на Косово и дека Македонија ќе гласа во корист на иднината на Косово. Прашањето до Заев е, со кого тој владее, со Албанци или со Срби? Освен можеби ако Албанците биле во опозиција како губитници на изборите во 11 декември. Македонските Албанци дадоа толку многу за Косово не штедејќи го дури и животот. Со оваа изјава Заев ќе го смири новиот претседател на Србија, Александар Вучиќ кој на вечерта на премиерите во Брисел рече оти се надева дека Заев ќе се држи до договорот во односите меѓу Македонија и Косово, изјави Бела за Тетова Сот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.