Спорт

Иџе доживеа сообраќајка во Србија

Иџе доживеа сообраќајка во Србија

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стафановски- Иџе вчеравечер во Србија при враќањето од Италија со својот екипаж дожиевеал собраќајна несреќа.

Неговиот тим преку официјалната фејсбук страница ги информираше обожавателите дека Иџе и екипажот не се повредени, а била причинета материјална штета на приколката и автомобилот.

Иџе доживеа сообраќајка во Србија
Иџе доживеа сообраќајка во Србија

– На враќање од трката во Италија Иџе и неговата екипа имале несреќен случај при што куката од комбето се скршила и приколката заедно со Митсубишито излетале од патот и удриле во банкина. Приколката била речиси неупотреблива а и колата била доста искршена. Екипата за среќа е добро, освен претрпениот стрес. Инаку среќа во несреќа е што во моментот на несреќата немало возила на лентата за претекнување, па така избегната е поголема несреќа, стои во официјалното соопштение на фан-страната на Стефановски.

Инаку, Стефановски е Спортист на Македонија за 2014 година и актуелен европски првак на ридско-брзински патеки.