петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 46

Иџе ја освои наградата за најдобар спортист на Скопје за 2015

Европскиот шампион на ридски патеки Игор Стефановски – Иџе ја понесе награда за најдобар спортист на Град Скопје за 2015 година.

idzhe

Поврзани вести

Тој втора сезона по ред го освои Европскиот шампионат на ридски патеки, а оваа година на 12 трки оствари фантастични девет победи, а дури на осум патеки го собори рекордот.

Спортскиот колектив Вардар е вкупен победник, бидејќи наград понесоа Арпад Штербик како најуспешен спортист странец, потоа женскиот ракометен клуб Вардар беше прогласен за најдобра екипа, капитенот на фудбалскиот тим Бобан Грнчаров беше деветии во изборот за најдобар спортист, а Стојанче Стоилов од ракометниот тим го освои петото место.

Каратето како спорт доминираше во изборот со вкупно тројца победници кај спортистите и еден тренер. Петар Заборски е најдобар млад спортист, додека Моника Пендаровска во истата категорија го освои четвртото место. Наташа Стефановска беше меѓу најдобрите спортисти кај сениорите, додека тренерот на карате клубот Металург, Мирче Јанушевски е најдобар тренер.

Најуспешен спортист лице со посебни потреби:
Марио Мицковски – Специјална Олимпијада, 1 место на 25 метри, 2 место на 50 метри пливање слободен стил во Лос Анџелес, САД.

Најуспешен спортист во младинска категорија:
Петар Заборски – карате, 2 место на ЕП на младинско во Цирих, Швајцарија

Најуспешен спортист странец:
Арпад Штербик (РК Вардар)

Најуспешна спортска екипа:
ЖРК Вардар

Најуспешен тренер:
Мирче Јанушевски (карате клуб Металург)

Најуспешни спортисти на Град Скопје:
10. Наташа Стефановска
9. Бобан Грнчаров
8. Стефани Тодорова
7. Јасин Реџалари
6. Баже Илијоски
5. Стојанче Стоилов
4. Ненад Манојловски
3. Евгениј Поп Ацев
2. Мартин Несторовски
1. Игор Стефановски – Иџе

Најчитани вести