Иџе не ја заврши трката во Асен

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски-Иџе не ја заврши втората трка во Асен, Холандија, дел од европскиот ТЦР шампионат.

Стефановски ја заврши трката откако имаше контакт со некој од конкурентите уште во првите свиоци и неможеше да продолжи поради оштетувањата на неговиот автомобил. Вториот македонец во трката Виктор Давидовски финишираше на 15-тата позиција.

Победник денеска беше Унгарецот Атила Таши, со Хонда, втор заврши Микел Аскона, трет Душан Борковиќ.

Иџе и Давидовски вчера финишираа на 16-тата и 17-тата позиција на првата трка во Холандија.

Следните две трки се возат во Монца, на 22 и 23 септември.