Иџе неспортски спречен да се качи на подиумот по првата трка во Португалија

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе остана без подиум на првата трка во Вила Реал, Португалија, поради крајно неспортски потег на домаќинот Жозе Родригез.

Првопласиран беше чешкиот возач Петр Фулин, а зад него заврши сонародникот Норберт Наѓ. Третото место му припадна на Португалецот Жозе Родригез, кој во последниот круг ја скрати кривината и потоа удри во возилото на Стефановски.

Иџе заврши на четвртото место, со заостанување од три и пол секунди во однос на Родригез.

Организаторот најави истрага на индицентот кој го предизвика португалскиот возач.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.