Иџе победи во Полска

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски „Иџе“ ја освои четвртата победа во шестиот настап од трките за европскиот ридско брзински шампионат, остварувајќи најдобри резултати во двете возења на патеката Лиманова на југот од Полска.

Откако во Чешка имаше незгодно излетување, по што следеше напорна репарација на возилото, Стефановски повторно доминираше и беше убедливо најбрз на тренинзите, а потоа и во трката. Сепак, на крајот од второто возење, на километар пред целта се појавиле проблеми со моторот, а тоа предизвикало и интерес од техничките лица кои направиле контролен преглед, но на крајот се се завршило без проблеми за нашиот возач.

Тој со време од 4:52.339 е убедливо прв во генералниот пласман, при што најблискиот конкурент Марчин (Полска) заостанува 1,833 секунди, а третиот Ката (Полска) е на дистанца од 6,749 секунди. Иџе“ сега води во генералниот поредок во својата класа со 125,5 поени на табелата, а Лос има 100,5.

Следната трка се вози на 27 јуни во Италија, како Куп Паолино Теодори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.