За Иџе првото место на втората трка во Нирбургринг

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе постигна одличен резултат во саботата откако на втората трка на патеката во Нирбургринг го освои првото место и на двете трки на оваа патека успеа да се искачи на победничкиот подиум. Стефановски во првата трка беше второпласиран.

За Стефановски ова е втора победа во ЕТЦЦ шампионатот, откако првата ја имаше лани, но ова е прв триумф со неговиот тим.

Второто место во втората трка го освои Португалецот Фабио Мота, третопласиран е Петр Фулин од Чешка, победникот од првата трка. Тоа значи истите тројца возачи се најдоа на подиумот на двете трки.

Македонскиот возач од денешните две трки освои вкупно 18 поени со што ќе го подобри својот пласман во врвот од вкупниот поредок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.