Иџе со шампионски амбиции во Португалуја

По историскиот пласман на третата трка, најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе е исправен пред нов предизвик. Го очекуваат двете трки во Вила Реал во Португалија.

Викендов во Португалија, Стефановски ќе се обиде да го повтори успехот од минатата трка.

„Во тимот владее одлична атмосфера.- изјавува автомобилистичкиот ас. „Сѐ е подготвено за трките на кои очекуваме добри резултати. Оваа трка е многу важна за нас. Ќе се обидам да дојдам до победа“, додава шампионот амбициозно.

Во сабота, 24 јуни во 18 часот по португалско време ќе се возат квалификациите, а во недела на 25 јуни трките ќе се реализираат во 11:45 и 13:00 часот. Преносот ќе може да се следи на националниот сервис во 12:45 и 14:00.

Иџе има вкупно 33 бода, со што се наоѓа на третата позиција во генералниот пласман во ФИА ЕТЦЦ календарот годинава. Повеќе од него имаат само Фулин, кој е прв со 43 и Шрејбер со 44 поени на втората позиција. Оваа трка по многу е значајна поради фактот на двојно вреднување на бодовите.

До крајот на шампионатот остануваат, покрај претстојната трка во Португалија, трките во Хаселт во Белгија од 15 до 17 септември и последната во Мост во Чешка од 6 до 8 октомври.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.