Спорт

Иџе втор во Штерберг

Иџе втор во Штерберг

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски-Иџе го освои второто место на трката во Штерберг ( Чешка) во рамки на Европскиот шампионат на ридски патеки. Тој овој пат не успеа да се искачи на највисокото место на пиедесталот во Н – групата, бидејќи од него подобар беше домашниот натпреварувач Јиржи Лос.

„Пак се удрив и тоа на два пати, ми се откачи воланот и така возев. Колата е навистина оштетена, изгледа како да била на сремски фронт, нема место каде што не е удрена, но сепак тоа е лимарија, подвозјето е во ред“ , изјави по првото денешно возење, Иџе.

Сепак на крајот повеќе од солиден резултат, и покрај сите проблеми Иџе го зазеде одличното второ место во групата Н, зад главниот конкурент во генералниот пласман, Лос кој возеше на домашен терен. Во првото возење Иџе постави време од 3:32, 540 минути, додека во второто нешто послабо од 3:33, 410 минути, односно севкупно време од 7:05,950 минути, или со 3,020 секунди заостанување зад првопласираниот.