Иџе на чекор до европската круна

Најдобриот македонски возач Игор Стефановски -Иџе е на чекор доосвојувањенатитулата во Европското првенство на ридски патеки, откако го освои првото место на деветтататркасезоната – „Гласбахренен“ во Германија.
Тој доминираше на деветтата овосезонска трканаЕвропскотопрвенествонаридскипатеки и ја оствари шестата победа, а со освојување на едно од првите две места на следниот настап во Швајцарија ќе ја обезбеди шампионската круна. Иџе во второто возење на патеката долга 5.500 метри, со 35 свиоци, постави време од 2:39.460, а претходно беше најбрзи и во првиот настап со 2:39.783 минути (вкупен резултат 5:19.243). Со тоа македонскиот ас го декласира најголемиот конкурент, Чехот Јири Лос, кој со повеќе од четири секунди задоцнување во вкупниот резултат мораше да се задоволи со втората позиција. На третото место се најде неговиот сонародник Филип Шајлер.
“Имав добро, но многу рискантно возење. Патеката е интересна, истовремено многу опасна и тесна и неколку пати се лизгав по банкината. Ова беше многу тежок викенд и цело време бев под притисок дали се ќе биде во ред со автомобилот. Се чувствував како ова да е решавачката трка сезонава и затоа го дадов максимумот. После овие две-три трки и сите малери што ми се случија време е за малку одмор” изјави Иџе.
Следната трка на програмата е на 16 август во Сен Урсан во Швајцарија.