Македонија

Игнорирањето не е лек, порака на Парнарџиева-Змејкова на Конференцијата за рак на дојка

Игнорирањето не е лек, порака на Парнарџиева-Змејкова на Конференцијата за рак на дојка

Игнорирањето не е лек – е пораката на директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева-Змејкова на VII-та Национална конференција за рак на дојка

„Ретки се настаните каде што имам чест да се обратам, не само како директор на институција, како засегната страна, туку и како индивидуа, како жена која е свесна за сериозноста и опасноста која не демне. Чест ми да ја дадам својата поддршка на Борка во борбата против рак на дојката. Да дадам поддршка на сите жени кои се соочуваат или се соочиле со ова тешко заболување,“ го започна своето обраќање на VII-та Национална конференција за рак на дојка, директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева-Змејкова.

VII-та Национална конференција за рак на дојка која е во организација на Здружението Борка, а е под покровителство на сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова, се одржа вчера во Скопје.

Како што истакна Парнарџиевз-Змејкова, минатата година ФЗОМ најави многу новини кои се однесуваат на пациентите, како што се, полесно подигнување на терапија, административно олеснување, помалку посети кај матичен лекар и на клиника само за подигнување терапија, скратување на рокот за замена на вештачка силиконска дојка, како и зголемување на средствата во 2014 год. за клиниката за торако-васкуларна хирургија, каде годишно 40 жени во еден акт треба им се врши мастектомија и реконструкција на дојката.

На клиниката за пластична хирургија годишно се изведуваат седум секундарни реконструкции по мастектомија, како и 40 реконструкции за вродени аномалии на дојка.

Новини што ги најави директорката на Фондот од 2015 година, се, дека жените кои користат ортопедско помагало – вештачка силиконска дојка веќе нема да има потреба да посетуваат хирурзи само за да добијат потврда за тоа помагало.

„Од 2015 година само со потврда од матичниот лекар секоја година ќе можат да го остварат ова право.
Ние како држава сме фокусирани на подигнување на свеста за важноста на раната детекција на ракот на дојката, со што ќе се одбегнат големите хирушки зафати, долготрајните хемостатици, зрачење, долготрајните последици не само по здравјето, туку и по психата на жената и нејзината фамилија, додаде Парнарџиева Змејкова.

Сите ние, жените, преку самопреглед, редовна посета на нашите лекари, макар и консултација при некаква промена, може да го промениме исходот. Сепаk, не се сите жени едуцирани, самосвесни, голем дел немаат слушнато за самопреглед, ехо преглед, мамограф и тн. Токму затоа, нагласи Парнарџиева-Змејкова, сметам дека сите ние постојано, почнувајќи од министерот, но и од мене, заедно со Биба Додева од здружението Борка, претставниците на дипломатскиот кор, нивните сопруги, сите граѓански организации работиме и уште повеќе треба да работиме на подигнување на свесноста кај жените. Отворено да зборуваме за болеста и за последиците од истата. Да укажеме на нашите пријателки и роднини дека при секоја промена, веднаш мора да се јават на лекар. Сите, без разлика од каде сме и на која позиција сме, заеднички без двоумење, испраќаме апел дека – ИГНОРИРАЊЕТО НЕ Е ЛЕК, заврши со своето обраќање директорката на ФЗОМ, Парнарџиева-Змејкова.